речник контакт

Кој го отплатува МЕАП кредитот?

Стечајците го отплатуваат кредитот кој Велес го подигна за обнова на градск?та водоводна и канализациона мрежа, вака ја прокоментира состојбата со реализацијата на МЕАП кредитот директорот на ЈКП Дервен.

Петар Печков

Стечајците го отплатуваат кредитот кој Велес го подигна за обнова на градската водоводна и канализациона мрежа, вака ја прокоментира состојбата со реализацијата на МЕАП кредитот директорот на ЈКП Дервен.

Тој посочи на претпријатијата и фирмите од градот кои за да избегнат да плаќаат за вода, започнаа да копаат бунари и така да се снабдуваат со неопходната техничка вода.

- Се намалува количеството на вода кое го употребуваат фирмите, што треба да загрижува. Факт е дека опаѓа продажбата на вода од година во година. Незаконски без согласност од ресорното Министерство за водостопанство, се користи вода која секоја фирма започна да ја добива од приватни бунари. Дојдовме во состојба кредитот  МЕАП кон ЕБОР да го враќаат граѓаните и стечајците - изјави Пецо Стојановски, директор на ЈКП Дервен.

Бројките покажуваат дека од еден милион кубни метри вода кои се продаваа пред неколку години на фирмите од градот,тие паднаа на 716 илјади 2005-та а минатата година на 578 илјади метри кубни. Но и покрај ваквата состојба минатата година ЈКП Дервен ја завршил со добивка од 620 илјади денари и вратени две рати и ануитети од кредитот.

Директорот Стојановски ги посочи првичните добивки од новата водоводна мрежа во градот, бидејќи лани забележиле 29 отсто загуба на водата, што е најнизок процент во државава. Затоа пак велешани плаќаат 36 денари за метар кубен, што е втора по цена вода во Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »